Zehra Ulucak
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Големи пожар ја зафати Школата за уметност „Мекинтош“ во Глазгов, Шкотска, а огнот во целост ја peplosa историската зграда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пожарот што избувна на Универзитетот брзо ја зафати целата зграда, која изгоре во голема мера.
Челникот на шкотската противпожарна служба, Питер Хит, изјави дека пожарот ја зафатил целата зграда, вклучувајќи го и обновениот дел уништен во пожарот во 2014 година.
Тој додаде дека пожарот сè уште не е целосно изгаснат, туку е ставен под контрола. Според информациите досега, нема жртви во пожарот.
Започната е истрага за да се утврдат причините за пожарот.
Зградата Мекинтош ја изгради познатиот шкотски архитект и дизајнер Чарлс Рени Мекинтош, во периодот од 1897 до 1909 година.