свет

Пожарот во јужна Франција уништи 700 хектари зелени површини

Пожарот што синоќа избувна во југозападниот дел на Лозере, набрзо се прошири и на истокот на Аверон

Alaattin Doğru  | 09.08.2022 - Обновена : 10.08.2022
Пожарот во јужна Франција уништи 700 хектари зелени површини

ПАРИЗ (АА) - Пожарот во регионот Лозере, во јужниот дел на Франција, уништи 700 хектари земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пожарот што синоќа избувна во југозападниот дел на Лозере, набрзо се прошири и на истокот на Аверон, јавија француските медиуми.

Во пожарот кој брзо се шири се уништени најмалку 700 хектари зелени површини, а 1.200 луѓе се евакуирани.

Пожарот, кој се уште гори и предизвика евакуација на 1.200 луѓе, го гаснат околу 600 пожарникари со помош на голем број противпожарни возила и авиони.

Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), од почетокот на годината во Франција изгореле повеќе од 47.000 хектари шуми или други зелени површини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın