Nuri Aydın
25 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
ПЕКИНГ
Осумнаесет лица го загубија животот во пожар што избувна во едно училиште во градот Шангчиу во кинеската провинција Хенан, известува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на власта соопштија дека во раните утрински часови избувнал пожар во училиште за „боречки вештини“ во местото Џичинг, кое се наоѓа во подрачјето на градот Шангчу.
Во пожарот животот го загубија 18 лица, меѓу кои се наоѓаат и ученици, а повредени се 16 лица, од кои 4 лица се во тешка состојба.
Во соопштението се наведува дека за време на пожарот во училиштето се наоѓале 34 ученици на возраст од 7 до 16 години.
Полицијата започна истрага во врска со несреќата, приведувајќи ги одговорните на училиштето.
Пожарот е ставен под контрола, а засега не е позната причината за неговото избувнување.