Ekipa
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
ВАРШАВА (АА) - Најмалку шест лица загинаа во пожар кој изби во станбен објект во околината на Варшава, а во кој се наоѓале бездомници, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Пожарот изби во мал дрвен објект во кој некогаш престојувале бездомници“, изјави Павел Фратчак, портпаролот на пожарникарната служба.
Според неговите зборови, пожарот избил во доцните часови на Божиќ. Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, малата дрвена зграда била во пламен и пронашле шест тела.
Фратчак изјави дека причината за пожарот не е позната и дека во тек е истрагата за овој настан.