свет

Повеќе Американци починаа од Ковид-19 отколку во Втората светска војна

Иако бројот на починатите варира кај неколкуте извори, истражувањето спроведено од Националниот музеј на Втората светска војна во сојузната држава Њу Орлеанс открива дека околу 418.500 Американци починале за време на Втората светска војна

Beyza Binnur Dönmez  | 25.01.2021 - Обновена : 27.01.2021
Повеќе Американци починаа од Ковид-19 отколку во Втората светска војна

АНКАРА (АА) - Пандемијата на коронавирусот, поради која бројот на смртни случаи, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, се приближува до 420.000, однесе повеќе животи на Американци отколку Втората светска војна, јавува Агенција Анадолија (АА).

Иако бројот на починатите варира кај неколкуте извори, истражувањето спроведено од Националниот музеј на Втората светска војна во сојузната држава Њу Орлеанс открива дека околу 418.500 Американци починале за време на Втората светска војна во периодот од 1939 до 1945 година.

Откако е регистриран првиот смртен случај од вирусот на почетокот на февруари 2020 година, САД се искачија на врвот на земјите во светот според починати од Ковид-19 за речиси една година, со над 400.000 починати. Вкупно, земјата регистрираше 25,1 милиони случаи и 419.215 смртни случаи од вирусот, со што и понатаму е најпогодената земја од пандемијата.

Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, досега против коронавирусот вакцинирани се вкупно 21.848.655 лица со вакцините на Фајзер/БајоНТек и Модерна.

Во меѓувреме, претседателот Џо Бајден продолжува со менувањето на политиките на неговиот претходник Доналд Трамп, бидејќи, наводно, денес ќе ги врати ограничувањата за патување поради коронавирусот за лица што не се државјани на САД.

Ограничувањата се однесуваат на патниците од Бразил, Ирска, Велика Британија, голем дел од Европа и Јужна Африка, објави „Си-ен-ен“ повикувајќи се на претставник на Белата куќа.

​​​​​​​


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.