Adam Abu-bashal
26 Август 2023•Ажурирај: 29 Август 2023
АБУЏА (АА) - Побаран е откуп за 8 студенти кои беа киднапирани во оружен напад на патнички автобус во нигериската држава Замфара на 11. август, известува Анадолу.
Според вестите објавени во националните медиуми, Емануел Етех, татко на еден од киднапираните студенти, изјави дека луѓето од кои бил контактиран, побарале откупнина од околу 5.200 долари за секој ученик.
Таткото Етех рече дека киднаперите се заканиле дека ќе ги убијат студентите доколку откупнината не биде платена.
Војската продолжува со операциите за спасување на киднапираните студенти.
Осум студенти се киднапирани во оружен напад на автобус кој ги превезувал студентите на патот од државата Аква Ибом во државата Сокото на 11. август.
Киднапирањето во Нигерија се казнува со смртна казна, но киднапирањето поради откупнина е вообичаена појава во оваа земја.