Alaattin Doğru
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ПАРИЗ
По нападот со нож во Ница, Франција, во кој беа убиени најмалку три лица, францускиот премиер Жан Кастекс прогласи „итен напад“ на ниво на цела земја, односно највисокото ниво од францускиот Антитерористички акциски план, јавува Агенција Анадолија (AA) )
Во својот говор пред Националното собрание по нападот, Кастекс изјави дека земјата го подигнала својот Антитерористички акциски план на ниво на „итен напад“.
Во рамките на ова ниво, француската Влада ќе може да ги затвора патиштата и подземните железници доколку смета дека тоа е потребно, да ја прекине наставата и да донесе прописи за кибернападите и беспилотните летала.
Акцискиот план за борба против тероризмот, познат на француски јазик како „vigipirate“, за првпат е усвоен во 1978 година и се состои од три фази: „мерки на претпазливост“, „ризик од напад“ и „итен напад“.
Нивото на итен напад, усвоен во декември 2016 година, може да се активира при закана од напад или непосредно по напад.
Најмалку три лица се убиени, а повеќемина се повредени утрово во напад со нож во Ница, Франција, во близина на црквата „Нотр Дам“.
Напаѓачот е уапсен, а француското Антитерористичко обвинителство започна истрага за нападот.