свет

Петмесечната Вида, најмладата меѓу мигрантите кои чекаат на границата меѓу Белорусија и Полска

Во логистичкиот центар подигнат во пограничниот регион Брузги во Гродно, Белорусија, и понатаму чекаат околу 2.000 луѓе, од кои повеќето се од Ирак. Тие сакаат да преминат во Европа.

Ali Cura  | 01.12.2021 - Обновена : 03.12.2021
Петмесечната Вида, најмладата меѓу мигрантите кои чекаат на границата меѓу Белорусија и Полска Фото: Sefa Karacan/AA

ГРОДНО (АА) – АЛИ ЏУРА –

Петмесечната Вида Џинди, најмладата од мигрантите заглавени на границата меѓу Белорусија и Полска поради мигрирање во Европа, го чека денот кога ќе замине во Германија со своето седумчлено семејство, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во логистичкиот центар подигнат во пограничниот регион Брузги во Гродно, Белорусија, и понатаму чекаат околу 2.000 луѓе, од кои повеќето се од Ирак. Тие сакаат да преминат во Европа.

Најзабележително меѓу овие луѓе е семејството Џинди. Тоа го напуштило градот Захо во Северен Ирак и сака да замине во Германија.

Хугир Џинди (26), уморен од притисокот на терористичките организации ПКК и ДЕАШ во земјата, реши да замине во Германија за да живее попросперитетен живот.

Тој, земајќи ја со себе својата 27-годишна сопруга Несрин и петмесечната ќерка Вида, пред еден месец дошол во Минск, главниот град на Белорусија.

Хугир, исто така со себе го донел и неговиот татко Али (57), поранешен Пешмерга, мајката Фатма (41), братот Кариван (24), братот Јаман (9) и сестрата Дахас (12).

Семејството Џинди, заедно со петмесечната Вида, дојшле од Минск во шумската област на Белорусија во близина на полската граница. Тука чекале со денови, а потоа, со друга група влегле на полска територија поминувајќи ја реката.

Сепак, полските безбедносни сили го вратиле семејството Џинди на белоруска територија. Семејството уште неколкупати влегло на полска територија, но секој пат е враќано назад. Потоа, останати без можности се префрлиле во затворениот простор резервиран за него.

Екипата на Агенција Анадолија (АА) го следеше престојот на семејството Џинди, со малата Вида, во затворениот простор што привремено му е доделен од белоруската Влада.

Семејството Џинди, кое се смести во кампот, живее од хуманитарна помош обезбедена од белорускиот народ и белорускиот Црвен крст. Тие на семејството му обезбедија перници и јоргани.

Членовите на семејството, двапати дневно, наутро и напладне, добиваат оброк. Благодарение на малата Вида, имаат приоритет. Несрин и Хугир, заедно со Вида во раце, одат во шаторот за храна поставен надвор и без да чекаат ред, ја добиваат секоја помош што ја носат хуманитарните организации.

Вида, по потреба ја контролираат здравствените екипи. Таа има проблеми со спиењето навечер поради метежот кој не овозможува мирна средина. Иако семејството се труди да живее обичен живот, место каде што има стотици луѓе, тоа не го дозволува.

- Опасноста од терористичките организации ПКК и ДЕАШ ги натера на миграција -

Хугир Џинди, истакнувајќи дека не можеле да останат во Ирак поради опасноста и притисокот на терористичките организации ПКК и ДЕАШ, рече дека поминале 35 дена откако го напуштиле Ирак.

Наведувајќи дека 20 дена останале во шумата на границата меѓу Белорусија и Полска, Хугир рече дека потоа останале без храна и вода и се обиделе да преминат во Полска.

„Влеговме во Полска два-трипати, но нѐ вратија назад“, нагласи Хугир Џинди.

Раскажувајќи дека малата Вида имала потешкотии во патувањата, Хугир рече: „Немаше млеко, немаше топла средина. Останавме пет дена покрај границата. Потоа дојдовме овде.“

Додаде дека белоруските власти на семејството му дава приоритет бидејќи Вида е мала, при што рече: „Животот овде е малку тежок. Даваат сѐ, но не е како дома. Тешко е да се спие и да се јаде во шатор заедно со толпа луѓе. Јас имам мало дете.“

Истакнувајќи дека сака Европската Унија да ги прифати како мигранти, Хугир нагласи: „Не можеме да останеме овде уште еден месец. Многу е тешко да се остане овде. Има сѐ, има храна, но нема кревет како што е дома. Не можеме да продолжиме вака.“

- Најмалото бебе во кампот е Вида -

Мајката на Вида, Несрин, наведувајќи дека деновите во областа каде што престојуваат со детето се многу тешки, рече дека ѝ недостига нивниот дом во Ирак, но дека не сака да се врати.

Посочувајќи дека сака да оди во Европа, Несрин рече дека Вида е најмладото бебе во кампот.

Несрин додаде дека луѓето во кампот многу ја сакаат Вида, и дека сите во семејството ѝ помагаат да се грижи за бебето.

Од 8 ноември на границата меѓу Белорусија и Полска продолжуваат да чекаат голем број луѓе кои дојдоа од Ирак и Сирија за да мигрираат во Европа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.