Emel Öz Gözellik
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
САН ФРАНЦИСКО (АА) - На компјутерски пират од Канада му е изречена затворска казна од 5 години под обвинение дека бил дел од кибернападите против „Yahoo“ („Јаху“) во САД за руските разузнавачки агенти, јавува Anadolu Agency (AA).
Судијата Винс Чабриа му изрече петгодишна затворска казна на компјутерскиот пират Карим Баратов, како и парична казна од 250.000 долари.
Во соопштението на Министерството за правда на САД се наведува дека 23-годишниот Баратов минатата година бил фатен и депортиран од Канада во САД, под изговор дeка вршел трговска шпионажа и компјутерско пиратство.
Американската Влада минатата година поднесе тужба против четири лица, од кои двајца руски разузнавачки агенти поради крадење лични податоци на над 500 милиони корисници на „Yahoo“ преку кибернапад.
Руските државјани Дмитриј Александрович Докучаев, Игор Анатолјевич Сушчин и Алексеј Алексејевич Белан, и Карим Баратов кој е државјанин на Канада и Казахстан, илегално влегле во системот на „Yahoo“ и ги украле личните податоци на над 500 милиони корисници.