Kasım İleri
26 Февруари 2022•Ажурирај: 27 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Министерството за одбрана на САД изрази потполна подготвеност да ги исполни сите барања на Северноатлантскиот сојуз во рамките на активирање на Силите за одговор на НАТО, известува Агенција Анадолија (АА).
Силите за одговор на НАТО се активирани во одбранбени мерки како одговор на тековната воена операција на Русија во Украина.
Џон Кирби, портпаролот на Пентагон, изјави дека тоа е историскиот чекор со кој НАТО јасно порачува дека е подготвен да го брани секој сантиметар од територијата на НАТО.
„Тоа е големо нешто“, рече Кирби и додаде дека нема конкретни детали околу распоредувањето на единиците, термините и распоредот.
Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО, генерал Тод Волтерс, ги активираше мултинационалните сили кои се состојат од копнени, воздухопловни, поморски и сили за специјални операции на сојузниците, што можат бргу да се распоредат за поддршка на НАТО-сојузниците.
Станува збор за прво активирање на НАТО-силите за одговор, што не значи дека какви било американски или НАТО-сили ќе влезат во Украина, која не е членка на Алијансата.
Претседателот на САД, Џо Бајден, беше јасен дека американските трупи се распоредуваат во источна Европа со цел да им помогнат на земјите членки на НАТО, но дека нема да се борат на тлото на Украина.