Hakan Çopur
18 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека е започнат процесот за исклучување на Турција од проектот Ф-35 поради купување на системот С-400, додека нагласи дека САД сеуште ја високо го вреднуваат стратешкото партнерство на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната секретарка во Пентагон,Елен Лорд и потсекретарот Дејвид Трачтенберг за време на брифингот за медиумите организиран во Пентагон говореа во врска со купувањето на S-400 од страна на Турција.
Лорд нагласи дека Турција од изминатиот петок почнала да го добие системот S-400 од Русија.
„САД и друфите парнери во Ф-35 се согласуваат одложување на партнерството на Турција во програмата, и за започнување на официјален процес преку кој Турција ќе се исклучи од оваа програма. Сепак, како што истакна и претседателот Доналд Трамп, САД сеуште високо го вреднуваат стратешкото партнерство на Турција“, рече таа.
- „Продолжуваме да работиме активно со Турција“
Лорд истакна дека посакуваат Турција да купи ракетен систем во рамки на воздушноодбранбениот систем на НАТО, со цел да остане во програмата.
„САД ќе продолжат активно да рабтат со Турција во врска со Патриотите со цел исполнување на легитимните воздушноодбранбените потреби“, додаде таа.
Според неа, со Анкара реализирале бројни состаноци во врска со тоа што проектот Ф-35 ќе биде во опасност доколку системот од руско производство S-400 и системот Ф-35 ќе бидат заедно.
„Овие две системи не се компатибилни едни со други“, истакна Лорд.
Таа изрази загриженост дека системите S-400 ќе ги разоткриваат најразвиените способности на воените авиони од типот Ф-35, и дека оваа одлука е донесена токму поради оваа причина.
Лорд нагласи дека во случај Турција да остане во овој проект, таа во наредните години во рамки на проектот ќе биде лишена од приходи во вредност од вкупно 9 милијарди долари.
Лорд рече дека Турција произведела околу 900 делови, и дека овие делови нема веќе да бидат купени од турските фирми.
„Чекорите кои денес ги донесовме во врска со програмата Ф-35 се независни чекори од санкциите на CAATSA“, истакна таа, додавајќи дека сите прашање во врска со CAATSA треба да бидат насочени кон Министерството за надворешни работи.
Таа нагласи дека овој процес се предвидува да заврши до март во 2020 година, и дека турските пилоти кои се обучуваат во САД во рамки на Ф-35, кон крајот на месецот ќе ја напуштат земјата.
- „Специфичка одлука против една специфичен чекор“
„Оваа специфичка одлука е донесена специфично за чекорот на Турција за купување на S-400. Оваа одлука е независна од посеопфатните интереси на САД и Турција во рамки на НАТО. Односите меѓу нашите вооружени сили се цврсти. Ќе продолжиме со Турција да учествуваме на заеднучките воени вежби во земјите како Грузија, Германија, и Украина“, истакна Траченберг, потсекретар во Пентагон.
„Со Турција имаме цврсти стратешки односи, тоа не се менува. Нашите односи како долгорочни сојузници на НАТО се повеќеслојни, и нашите односи се над проектот Ф-35“, додаде тој.
Запрашан во врска со можно исклучување на Турција од НАТО, Траченберг нагласи дека таа тема не е поврзана со нив.
Исто така запрашан во случај Турција да се откаже од S-400, и да ги купи Патриотите, дали веднаш ќе се врати во проектот Ф-35, Траченберг нагласи дека не е во позиција да одговори на ова прашање.