Kasım İleri
11 Јануари 2019•Ажурирај: 12 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Од американското Министерство за одбрана потврдено е дека започнало повлекување на некоја опрема од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Потврдувам дека почнавме да ја повлекуваме опремата од Сирија“, изјави неименуван функционер.
Одби да објасни од кои подрачја се повлекува опремата. Се тврди дека Централната американска команда (CENTCOM) одреди бродови и авиони кои ќе бидат користени во акцијата за повлекување.
Процесот на повлекување започна по одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, од декември минатата година за повлекување на војската од Сирија.
Оваа одлука доведе и до оставка на министерот за одбрана Џим Матис.