Selen Temizer
11 Јануари 2019•Ажурирај: 12 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Сирија беше една од земјите на Блискиот Исток која во периодот на Втората светска Војна им беше домаќин на бегалците од Европа, што претставува еден од заборавените факти во историјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилите од Источна Европа и Балканот, во најгорчливиот период на Втората светска војна, со цел да избегаат од нацистичката и советската окупација, преку Медитеранот и Турција, мигрираа во земјите од Блискиот Исток.
Управата за блискоисточна помош на бегалци (MERRA), што Британија ја формираше во 1942 година, околу 40.000 Европејци смести во камповите во Сирија, Египет и Палестина.
До крајот на војната, Европејците беа згрижени во тие кампови, по што се вратија во своите татковини или земји по нивен избор.
На оваа тема којашто претставува еден од заборавените факти во историјата, се осврна весникот „Вашингтон пост“ (Washington Post) во една статија објавена пред две години.
Во веста се истакнува дека условите во камповите биле прилично добри, а на бегалците од Европа, по извршениот лекарски преглед, им биле дадени лични документи и биле сместени во камповите.
Во кампот поставен во градот Алепо, во 1944 година биле сместени цивили од грчките острови, била осигурана нивната безбедност, а со цел да се социјализираат, можеле да излегуваат надвор од камповите да пазарат.
Во веста се потсетува дека меѓу 114.000 и 300.000 Полјаци, бегајќи од нацистичкиот масакр и советските работни кампови, во периодот од 1939 до 1941 година биле засолнети во Иран, но полската Влада остро се противела на прифаќањето на бегалците.

- Фотографија на која сириските жени делат облека за грчките деца
На 11 јануари 1942 година, во арапскиот весник „Ова е Ерусалим“ една од главните теми е фотографијата на која сириски жени им делат облека на грчките деца.
Во весникот под фотографијата стои текстот „На Грците пристигнати како бегалци во Сирија, поделена им е храна и облека“.