Hakan Çopur
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Заменик претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, кон средината на јануари наредната година ќе допатува во посета на Блискиот Исток, посета која претходно беше откажана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на прес службата на Пенс се наведува дека посетата беше откажана поради процесот во врска со новиот даночен закон во Американскиот конгрес.
Претходно се тврдеше дека посетата на Пенс на Египет и на Израел, која требаше да започне на 19 декември, е откажана поради зголемените реакции во регионот по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавањето на Кудс за главен град на Израел.
Исто така, беше истакнато дека по посетата на Египет, Пенс ќе се обрати на во израелскиот парламент, Кнесет.
Според соопштеното, Пенс пред неговата посета на 19 декември беше прогласен за непожелно лице во Палестина, како и од палестинските власти, пред се претседателот на Палестина, Махмуд Абас, ги одложија средбите со него. Исто така, Ахмед ет-Тајиб, шејх на Ел-Езхер во Египет, како и поглаварот на египетската Коптска црква, папата Тавадрос II, ги одложија нивните средби со заменик претседателот на САД.