Bayram Altuğ
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Геир О. Педерсен, за можната операција на подрачјето под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК изјави дека треба да се земе предвид оправданата загриженост на Турција во врска со безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Педерсен на прес-конференцијата одржана во седиштето на ОН во Женева зборуваше за значењето на напорите на Турција, Русија и Иран, за формирањето Уставотворна комисија во Сирија.
Тој се заблагодари на Советот на безбедност и земјите наречени „мала група“.
„Имам намера првиот состанок на Комисијата да го одржам на 30 октомври, тука во Женева“, изјави Педерсен.
Тој смета дека Комисијата ќе биде мост помеѓу различни страни кога станува збор за сириската криза, ќе ја зголеми довербата и ќе ги отвори вратите со опфаќање на политичкиот процес.
Верува и дека ќе помогне во земјата да биде прогласено сеопфатно примирје.
Педерсен потсети дека Уставотворната комисија ќе се состои од 50 члена на режимот, 50 на опозицијата и 50 претставници на невладиниот сектор.
Тој е уверен дека Комисијата ќе биде значајна можност за собирање на Сиријците.
Сепак, појасни и дека одлуката за пишување на новиот Устав или за промените на постоечкиот не е во негова надлежност, туку дека одлуката ќе ја донесе Комисијата составена од 150 члена.
На прашањето дали терористичката група ЈПГ/ПКК која го користи називот Сириски демократски сили (SDF) ќе биде дел од Комисијата, Педерсен изјави дека во неа ќе се наоѓаат членови од сите слоеви на општеството, без оглед на верската и етничката припадност на тие различни страни, вклучувајќи ги и сириските Курди.
Изразувајќи загриженост во врска со подрачјето на источниот дел на Еуфрат кое е под окупација на ЈПГ/ПКК, Педерсен нагласи дека проблемот на таа територија треба да го реши постоечкиот територијален интегритет на Сирија, како и етничките групи кои се наоѓаат на него.
„Треба да се земе предвид оправданата загриженост на Турција во врска со безбедноста“, изјави Педерсен кога беше прашан за можната операција на Турција на тоа подрачје.
Тој изјави дека наредната недела со челниците на Комисијата ќе отпатува во Дамаск и Ријад каде што ќе разговара за плановите по повод првиот состанок во Женева.
Беше прашан и колку долго ќе траат состаноците во Женева.
„Сѐ уште преговараме за тоа. Ќе бидете известени“, појасни Педерсен.