Ekip
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
ВАТИКАН
Украинците „заслужуваат мир“, се изјасни папата Франциск во специјалните молитви денеска, бидејќи заканата за војна со Русија продолжува да наѕира над поранешната советска република, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Од вас барам да се молите за мир во Украина и да го правите тоа често во текот на овој ден“, рече Франциск на крајот од неговата неделна аудиенција.
Лидерот на 1,3 милијарди католици во светот, во неделата го најави 26 февруари за меѓународен ден на молитви за мир, со особено внимание кон кризата што се развива во Украина.
Папата ги опиша Украинците како „луѓе кои страдаат, кои претрпеле глад и многу суровост и заслужуваат мир“.
„Молитвите и плачот кои денеска се издигнуваат до небото, нека допрат до срцата и умовите на оние кои се одговорни на земјата, за тие да направат да надвладее дијалогот и доброто на сите да се стави пред партиските интереси“, истакна Папата Франциск.
Папата Франциск заврши со апел: „Ве молам, никогаш не војувајте“.