Hosni Nedim,Mehmet Nuri Uçar
30 Март 2025•Ажурирај: 31 Март 2025
ГАЗА (АА) - Муслиманските верници во Газа ја извршија бајрамската утринска молитва меѓу урнатините на градовите и населбите во Појасот Газа, известува Анадолу.
Палестинците дочекаа уште еден Бајрам во завојуваната Газа, која е под континуирани напади на израелската армија од 7 октомври 2023 година.
И покрај тешките хуманитарни и санитарни услови, жителите на Газа најдоа начин да го одбележат еден од двата најважни муслимански празници.
Израелската војска на 18 март започна нов бран воздушни напади врз Појасот Газа, при што беа убиени повеќе од 920 луѓе, а ранети се повеќе од 2.000, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот и размена на заробениците.
Речиси 50.300 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а повеќе од 114.000 се ранети во израелскиот геноцид во Газа од октомври 2023 година.
Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.