Gülşen Topçu
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ХЕБРОН (АА) - Фабриката за млечни производи во Западниот Брег, Ел- Џебрини, својата потраба за електрична енергија ја обезбедува користејќи ѓубриво. Вишокот од произведената електрична енергија се пушта во електричната линија во регионот, а новите проекти на оваа фабрика можат да бидат решение за проблемот со електричната енергија на градот Хеброн, пишува Anadolu Agency (AA).
Управата на фабриката која ја поседува една од најголемите фарми во Западниот Брег, поради проблемите со снабдување со електрична енергија во околината на областа Јата каде се наоѓа нивната фарма, тие се осврнале на задоволување на потребите за електрична енергија со животинско ѓубриво што во фабриката го има во изобилство.
Џихад ел-Џебрини, претседател на управниот одбор на фабриката за млечни производи, во разговор за АА раскажа дека на почетокот биле принудени да употребуваат дизел генератори поради што немало доволна електрична енергија за фабриката која е основана во 2009 година и пренесе дека било проблем како да се спасат од толкава количина собрано ѓубриво.
Тој вели дека дневно добивале со тони ѓубриво од говедата во фармата, чија бројка изнесува околу 1.500.
„Долго време правевме истражувања за да најдеме некое различно решение, и овие наши истражувања не доведоа до произведување на електрична енергија од гасот метан кој се добива со преработка на отпад од живтинско потекло“ истакна Џебрини.
Од друга страна, советникот на овој проект инжинерот Махир Мегалисе, експерт за обновливи извори на енергија во Палестинскиот Универзитет Политекник кој се наоѓа во Хеброн, информираше дека во рамките на проектот, се произведува 380 киловати енергија на час. Тој рече дека само 20 киловати од ова произведена електрична енергија се користи во фармата, а останатиот дел, како што рече тој, се пренесува на електричната линија во јужниот регион.
Мегалисе нагласи дека фабриката бесплатно ја дава оваа електрична енергија која не се користи, на Компанијата за електрична енергија на Палестина. Тој пренесе дека се водат преговори меѓу страните за продажба на вишокот од произведената електрична енергија.
- Проект кој ветува иднина
Инжинерот Мегалисе вели дека се подготвени да произведуваат околу еден мегават електрична енергија, и дека ова е една третина од електричната енергија која и е потребна на областа Јата ва која живеат околу 100.000 жители.
Тој истакна дека покрај говедското ѓубриво, собирајќи и органското ѓубриво планираат да го зголемат прозиводството на електричната енергија: и рече: „Следната година планираме проиводството да го зголемиме до 7 мегавати. Тоа темелно ќе го реши проблемот со електричната енергија во Хеброн каде постојани има проблем со електричната енергија“.
Информирајќи дека со цел електричната централа да работи и во некоја итна состојба, подготвени се големи големи резервоари за складирање на гасот метан, Мегалисе пренесе дека работат и на еден друг проект со кој ќе се произведува електрична енергија од сончеви зраци од 4 мегавати со помош на соларните панели кои ќе бидат поставени на една површина од 20.000 метар квадратни каде се наоѓа и фармата.
Инжинерот посочи дека основниот извор за електрична енергија на Палестинците е Израел, и вели дека ваквите проекти ќе го задоволат поголемиот дел од потребите на локалниот пазар. Тој нагласи дека овој проект може да се реализира и во Газа каде постои проблем со електрична енергија.
Палестинците од Западниот Брег, 95 отсто од електричната енергија ја набавуваат од Израел, додека останатиот дел од Јордан.
Според официјалните податоци, Западниот Брег годишно плаќа околу 500 милиони долари за користената електрична енергија од 750 до 900 мегавати.