свет

Палестина бара од ОН да ги испитаат биолошките лаборатории во еврејските населби

Омар Авадала, директорот на Канцеларијата за соработка со ОН, апелира да се испрати меѓународен истражувачки тим кој ќе ги испита биолошките лаборатории во еврејските населби изградени на окупираната палестинска територија

Halime Afra Aksoy  | 24.11.2021 - Обновена : 25.11.2021
Палестина бара од ОН да ги испитаат биолошките лаборатории во еврејските населби

РАМАЛА (АА) - Палестина побара од Обединетите нации (ОН) и нивните специјализирани агенции да пратат меѓународен тим за биолошка истрага да ги испита лабораториите во илегалните еврејски населби на окупираната палестинска територија, вклучително Ерусалим (Кудс), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведува палестинската новинска агенција ВАФА, Омар Авадала, директорот на Канцеларијата за соработка со ОН при Министерството за надворешни работи на Палестина, се обрати на состанокот на државите членки на Конвенцијата за биолошко оружје 2021, кој започна во ОН во Женева.

Авадала во таа пригода повторно ја потврди определеноста на својата земја кон меѓународниот договор, вклучително и непоседување оружје за масовно уништување, формирање национален комитет под водство на Министерството за надворешни работи за забрана на биолошко оружје и усогласување на палестинските закони со одредбите на конвенцијата.

Укажувајќи на пречките со кои Палестина се соочува во спроведувањето на договорот, Авадала укажа на неизвесноста околу тоа што се развива во незаконските еврејски населби во окупираните подрачја, како и на нелегалната окупација и израелска контрола на премините и границите.

Потсети дека Израел употребил хемиско оружје против палестинскиот народ и дека еврејските доселеници запалиле некои палестински семејства користејќи хемикалии.

Тој апелира до ОН и релевантните организации да испратат меѓународен истражувачки тим кој ќе ги испита биолошките лаборатории во еврејските населби кои се незаконски изградени на окупираната палестинска територија.

Конвенцијата за забрана на развивање, производство и користење хемиско оружје и за негово уништување (Конвенција за хемиско оружје - CWC) стапи на сила во 1997 година и досега ѝ пристапиле 193 држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.