Mahmut Geldi
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ТОБРУК (АА) – Се урна воен авион на силите лојални на Претставничкиот дом во градот Тобрук, кој се наоѓа во источниот дел на Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од воени извори во градот Бенгази, воениот авион на силите лојални на Претставничкиот дом управуван од страна на командантот на воената воздухопловна база „Џемал Абдуннасир“ во градот Тобрук, бригадниот генерал Салих Џевде, се урна поради технички дефект.
Анонимен цивил информира дека воениот авион паднал врз една куќа во регионот Ет-Тарше во градот Тобрук, и дека во несреќата загинале вкупно 4 лица, меѓу кои пилотот на авионот, Џевде, сопственикот на куќата, Абдула Буалије eл-Кехаши, како и неговата сопруга и дете.
Исто така, и пред десетина дена еден воен авион на војската на Претставничкиот дом падна при изведувањето воздушен напад врз некои места во градот Бенгази, а во таа несреќа пилотот се катапултирал и се спасил