свет

Пaлестинската ослободителна организација го предупредува Израел на додатна ескалација на тензиите

„Очекуваниот протестен марш на нивните доселеници ќе предизвика провокациии, што сигурно ќе доведе до судири“, изјави Ал Хусеини

Hamdi Yıldız  | 10.05.2021 - Обновена : 11.05.2021
Пaлестинската ослободителна организација го предупредува Израел на додатна ескалација на тензиите

КУДС (АА) - Официјалниот претставник на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Кудс (Ерусалим), Аднан ал Хусеини, го предупреди Израел дека најавениот протестен марш на израелските доселеници денес во Ал-Кудс би можел додатно да ги зголеми тензиите на тоа подрачје, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Очекуваниот протестен марш на нивните доселеници ќе предизвика провокациии, што сигурно ќе доведе до судири“, изјави Ал Хусеини.

Тој истакна дека нападите на израелските безбедносни сили на „Ал Акса“ се организирани во соработка со радикалните еврејски организации.

Тој повика на итно преземање на пошироки мерки со цел одбрана на окупираниот Кудс.

Палестинците во Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судски одлуки за протерување на палестинските семејства од Шеик Џарах.

Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со интервенција се обидоа да ги разбркаат верниците од комплексот на џамијата „Ал Акса“.

Стотици Палестинци се повредени во текот на нападот на израелските сили, а голем број земји и меѓународни организации најостро ги осудија израелските напади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın