Cüneyt Karadağ
25 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германските весници објавија написи под наслов „Горчлива победа“ и „Историска загуба“, во врска со резултатот од општите избори што се одржаа вчера во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Built“ (Билд), во веста насловена „Kошмарна победа на канцеларката“, напиша дека во врска со тоа кој ќе владее со Германија, канцеларката Ангела Меркел има на располагање една опција на коалицијата таканаречена „Јамајка“, ЦДУ, ФДП и Зелените.
Весникот „Süddeutsche Zeitung“ (Зидојче цајтунг) објави вест под наслов „Историска загуба за партиите на Унијата и социјалдемократите“, каде што се наведува дека екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) влезе во Федералниот парламент (Бундестаг) со двоцифрен број.
Во веста каде што за партиите на Унијата се користи изразот „изгубија 1-0“, се вели дека во парламентот веќе дошло до пресврт, и оти секој од свој аспект наоѓа главен виновник за тоа.
Исто така, весникот „Tagesspiegel“ (Дер Тагесшпигел) во веста насловена „Горчлива победа за Меркел - АфД трета моќ по големина“, нагласи дека покрај тоа што партијата на Меркел, ЦДУ, постигнала победа, таа претрпела историска загуба на гласовите. Истакнувајќи дека и Социјалдемократската партија на Мартин Шулц претрпела загуба, и поради ова може да одлучи да остане во опозиција, во веста се вели дека по Втората светска војна, во Германија за првпат ектремната десница успеала да влезе во парламентот.
Од друга страна, во весникот „Frankfurter Allgemeine Zeitunng“ (Франкфуртер алгемајне цајтунг) се наведува дека на изборите на коишто партиите од Унијата постигнале победа и покрај загубата на гласови, СПД постигнала многу лош резултат.
„ЦДУ/ЦСУ повторно успеа во тоа да биде најмоќната политичка партија во германскиот Федерален парламент. Сега, како резултат на казнувањето на малиот партнер на големата коалиција, СПД, од страна на гласачите, Меркел по четврти пат ќе ја преземе истата функција. Бидејќи СПД ќе биде главна опозиција, за ЦДУ да продолжи со власт треба да формира коалиција со ФДП и со Зелените. За Меркел не претставува проблем да оствари контакт со Зелените. Но, поради загубата на гласовите на ЦСУ на федерално ниво, и поради тоа што во наредната година ќе има парламентарни избори во сојузната држава Баварија, не може да се зборува за истата ситуација“, се вели во споменатата вест.
Весникот „Die Welt“ (Велт) во веста под наслов „Партиите на Унијата во силна загуба, СПД со рекорден пад, а АфД е трета моќ по големина“, нагласи дека екстремно десничарската партија АфД влегла во парламентот, и оти сега Меркел пред себе има опција за формирање на коалицијата Јамајка.