Saadet Gökce
15 Јануари 2025•Ажурирај: 16 Јануари 2025
СЕУЛ (АА) - Отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денес беше приведен во притворен центар во Сеул откако беше испрашан од истражителите за воведувањето воена состојба, јавува Анадолу.
Јун беше приведен рано утринава кога пред зори стотици полицајци извршија рација во претседателската резиденција во главниот град Сеул.
Тој го избегна првиот обид за приведување на 3 јануари.
Истражителите имаат 48 часа од утринава да обезбедат формален налог за приведување поради бунт и предавство на 3 декември кога ја воведе воената состојба.
Повеќе од 10 часа Јун беше испрашуван од истражителите во Канцеларијата за истраги за корупција за високи функционери (ЦИО) во нејзината канцеларија во Гвачеон, јужно од Сеул.
Тој рече дека приведувањето е нелегално, а неговите адвокати се борат да ја оспорат законитоста на неговото приведување.
Адвокатскиот тим побара од Уставниот суд да се одложи рочиштето закажано за четврток за процесот на отповикување.
Шеесет и тригодишниот претседател го пропушти првото задолжително рочиште закажано за вторник.