Betül Yürük
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) – Еден универзитет во американската сојузна држава Канзас го откажа говорот преку видеоконференција на Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, планиран да се одржи на церемонијата за дипломирање, поради реакциите на нејзиниот татко за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд и за протестите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Универзитетот „Вичита стејт“ ја повлече поканата до Иванка Трамп како говорник на церемонијата за дипломирање по изјавите на Трамп во врска со демонстрантите.
Во соопштението од Универзитетот се наведува дека оваа покана е безвременска со оглед на проблемите со социјалната неправда што настанаа со смртта на Џорџ Флојд.
Иванка Трамп на својот профил на Твитер реагираше за откажувањето на нејзиниот говор.
„Нашите кампуси треба да бидат основните места на слободата на изразување. Културата на откажување и перспективите за дискриминацијата се спротивни на академските кругови. Да се слушнеме едни со други сега поважно е од кога било“, напиша Иванка Трамп на својот профил на Твитер.