Satuk Buğra Kutlugün
25 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Утрово во Италија отворени се гласачките места на кои Италијанците ќе гласаат на предвремените општи избори, известува Агенција Анадолија (АА).
Предвремените избори следуваат откако претседателот Серџо Матарела го распушти Парламентот во јули и распиша предвремени избори за 25 септември, означувајќи го крајот на Владата предводена од премиерот Марио Драги.
Гласачките места се отворени во 7 часот наутро по локално време, а гласањето ќе заврши во 23 часот. Италијанците ќе гласаат за 200 сенатори и 400 претставници во домот.
Близу 51 милион лица имаат право на глас во Италија. Своето право на глас го искористија повеќе од 4 милиони Италијанци кои живеат во странство. Во Италија со популација од 59 милиони, 51 % од гласачкото тело се жени.
Гласачите постари од 18 години за првпат во италијанската историја ќе можат да ги бираат членовите на Горниот дом на Парламентот, што е овозможено откако италијанскиот Сенат го потврди тоа.
Според последните анкети, десната коалиција веројатно ќе ја води Италија, бидејќи Браќата на Италија, предводени од екстремната десничарка Џорџа Мелони, би можеле да победат во трката освојувајќи го мнозинството гласови. Анкетите исто така покажуваат дека Демократската партија на левиот центар на чело со Енрико Лета е на второто место, по која следува партијата на крајната десница Лега на чело со Матео Салвини.
Доколку Мелони биде избрана, таа ќе биде првата премиерка на Италија, а по првпат по Втората светска војна, земјата ќе има лидерка на крајната десница.