Bayram Altuğ,Fatih Erel
09 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
ЖЕНЕВА (AA) - БАЈРАМ АЛТУГ/ ФАТИХ ЕРЕЛ - Саемот на автомобили во Женева, кој важи за еден од најзначајните и најпрестижните саеми на автомобили во светот, ги отвори своите врати за посетителите, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува 700 илјади луѓе да го посетат саемот, кој се одржува во изложбениот центар „Палекспо“ во градот Женева, во Швајцарија. На саемот ќе бидат изложени околу 1 000 автомобили.
На саемот, учествуваат и турските компании што работат во секторот за трансформација на автомобили,„Дизајнвип“ и „Окчу“ и ќе презентираат дизајни на луксузни возила на посетителите.
Основачот и претседател на Дизајнвип, Ербакан Малкоч, на 88. Саем на автомобили во Женева, во изјавата за АА, истакна дека во турскиот сектор има блиску илјада мали и големи компании. Тој нагласи дека не може да се даде друг пример на светот за нивото кое го постигнале турските фирми.
Малкоч истакна дека тие ги редизајнираат автомобилите што ги купиле од Мерцедес од 50.000 евра, користејќи околу 3.600 парчиња и извезувајќи ги во странство, главно околу 350.000 евра.
Наведувајќи дека 98 отсто од деловите што ги користат се произведуваат во Турција, рече дека ттрансформираните автомобили ќе ги смени перцепцијата на посетителите на саемот.
„Нашиот автомобил зборува. Во светот ова е прво нешто.Разговаравме со нашите возила и создаваме емоционални врски. Можете да го прашате на првиот автомобил што збори, 'Здраво, Како си?', а тој одговара, 'Здраво, добар сум'. На пример: Вашето седиште е ладно, автомобилот веднаш ве предупредува дека климата ќе биде исклучена или пак, Ве прашува дали сакате кафе. Турската компанија го направи она што светските гиганти не можат да направат“ рече Малкоч.
- Учествуваме со 'Signature Edition'
Компанијата „Окчу" ќе учествува во Женева со серијата „Signature Edition" за Мерцедес, кои можат да бидат во сопственост на 10 луѓе ширум светот.
Изразувајќи дека Мерцедес-Бенз извезува луксузен дизајн на возила на скоро 40 земји како глобален официјален деловен партнер, претседателот на „Окчу", Савни Окчу рече: „На саемот учествуваме со Signature Edition многу специјална серија со луксузни кабински ентериер, кој ја трансформиравме со рачно изработување“.
Новиот модел и концепт на автомобили ќе бидат изложени во саемот, кој ќе биде отворен за посетителите до 18-ти март.
Во изложбениот простор од 110 илјади квадратни метри, каде можат да се видат најбрзите и најскапите автомобили во светот, компаниите ќе ја најдат можноста да ги претстават своите најнови технолошки достигнувања на 220 штандови.