Dildar Baykan
01 Април 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ВАШИНГТОН
Четири лица, вклучително и едно дете, ги загубија животите во оружен напад во деловен центар во градот Oринџ, Калифорнија, САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што информираат американските медиуми, полицијата на Оринџ соопшти дека во напад на деловен центар застрелани се голем број луѓе.
Според првичните информации за нападот, четири лица, од кои едно дете, ги загубиле своите животи.
Уапсен е напаѓачот, кој се судрил со полицијата која дошла на местото на настанот.
Полициската истрага за инцидентот продолжува. Детални информации за бројот на повредени не се споделени.