Ekipa
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили, со цел да воспостават безбедност и стабилност во пограничниот дел на Турција и да го спасат пријателскиот и братски народ во регионот од притисоците и репресијата на припадниците на терористичките организации, на 20. јануари ја започнаа операцијата ‘Маслиноа гранка’ за неутрализација на припадниците на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Низ објективот на Anadolu Agency (AA) ви презентираме кадри од операцијата, од нејзиниот почеток досега. На фотографиите можат да се забележат кадри од спроведувањето на операциите за време на ослободуваето на теротиријата од рацете на терористите на ПЈД/ПКК на подрачјето околу Африн, помошта што на населението им ја дава турската војска и припадниците на Слободната војска на Сирија и топлиот пречек на турската војска од страна на цивилното население.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005.), 2170 (2014.) и 2178 (2014.).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ). ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.