Cansu Dikme
12 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Од отпочнувањето на операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн, Сирија, досега се неутрализирани вкупно 1.369 терористи на ПЈД-ЈГП/ПКК/КЏК и ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека во синоќешните воздушни напади на Турските вооружени сили уништени се 15 позиции на терористите, засолништа како и магацини за оружје.
Според информациите од терен, во текот на вчерашниот ден неутрализирани се 103 терористи на ПЈД-ЈГП/ПКК/КЏК и ДЕАШ.
На 20 јануари Турција ја покрена операцијата „Маслинова гранка“ со цел расчистување на терористите на ПЈД-ЈГП/ПКК/КЏК и ДЕАШ од пограничното подрачје на Африн, северозападна Сирија.
Операцијата има за цел воспоставување на безбедноста и стабилноста долж турската граница и во регионот, како и заштита на сириското население од угнетувањето и суровоста на терористите.
Операцијата во Африн е во согласност со меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.