ЖЕНЕВА (АА) - Комесарот за човекови права на ОН предупреди на геноцидот извршен врз муслиманското малцинство во Мјанмар и повика на меѓународна криминалистичка истрага за сторителите на широко распространетите, систематски и шокантни брутални напади врз Рохинџа муслиманите, како и децениите дискриминација и прогон, јавува Anadolu Agency (AA).
Заид Раад Ал Хусеин упати повик специјална сесија на Советот за човекови права на ОН за моменталната ситуација на Рохинџите да преземе дејства за да се спречи ваквото насилство.
„Колку долго треба луѓето да трпат пред нивното страдање да биде потврдено и нивниот идентитет и права бидат признаени од страна на нивната влада и од светот?“ – рече тој на специјалната седница на Советот во Женева.
Осудувајќи го неиздавањето на државјанства на Рохинџите, политиките на нечовечна дискриминација и сегрегација, ужасното насилство и злоупотреба, заедно со присилното иселување, систематското уништување на селата, домовите, имотот и благосостојбата, Ал Хусеин запраша: „Зарем некој може да негира дека тука постојат елементи на геноцид?“
„На крајот на краиштата, ова е законска определба што може да ја донесе само надлежниот суд. Но, загриженоста е исклучително сериозна и јасно се повикува пристапот веднаш да биде одобрен за понатамошна проверка“, додаде тој.
Објаснувајќи дека од неговата канцеларија се испратени три тима во Бангладеш за следење на состојбата и интервјуирање на бегалците, тој рече: „Сведоците известија за акти на ужаснo варварство извршено против араканските (Рохинџа) муслимани, вклучително и намерно палење на луѓето до смрт во нивните домови, убиства на деца и возрасни, неселективно пукање во цивили бегалци, масовни силувања на жени и девојчиња и горење и уништување на куќи, училишта, пазари и џамии“.
Заид изјави дека пријавил до Советот за човекови права и Советот за безбедност за ОН во врска со постојаните тврдења за сериозно прекршување на човековите права од страна на безбедносните сили, и додаде: „Истрагите за наводните акти на насилство извршено над нив, вклучувајќи и сексуално насилство (било од страна на безбедносните сили или цивилите), се многу ретки“.
- Есктремна бруталност -
Марзуки Дарусман, претседателот на Независната меѓународна мисија за откривање факти во Мјанмар, исто така изјави: „Жртвите и сведоците ни раскажаа за акти на екстремна бруталност врз муслиманското малцинство Рохинџите, особено од август“.
„Слушнавме голем број сведочења за убиства, произволни притворања, сексуално насилство, тортура, исчезнати лица и палење на цели села. Се плашиме дека бројот на жртвите би можел да биде многу висок“.
Џоел Милман, портпаролот на Агенцијата за миграции на ОН (ИОМ), на денешната прес-конференцијата во Женева изјави: „Поминаа повеќе од 100 дена откако порастот на насилството во Мјанмар принуди 625.792 бегалци Рохинџи да побегнат во Кокс Базар, Бангладеш. Условите во пренатрупаните населби, каде што во моментот живеат бегалците, се многу тешки“.
Араканските муслимани Рохинџа веќе со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а од 25. август се соочуваат со нов бран насилства во мјанмарскиот регион Аракан.
Под изговор борба против милитантни групи, мјанмарската војска уништи најмалку 300 муслимански села, од кои најмалку 620.000 жители беа принудени на бегство кон соседен Бангладеш.
Според сведочењата на бегалците, за време на репресијата, безбедносните сили и будистичките банди убивале мажи, жени и деца, ги ограбувале и ги палеле домовите на араканските муслимани.
news_share_descriptionsubscription_contact
