Büşra Nur Bilgiç
05 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
АНКАРА (АА) - „Вкупно 29.844 нелегални мигранти и бегалци пристигнаа во Европа по морски пат од почетокот на 2019 година“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната организација за миграции (IOM) објави извештај во кој се вели дека од таа вкупна бројка, 681 мигрант починале во морето.
За време на истиот период минатата година, речиси 46.441 бегалец и мигрант успеале да стигнат до Европа, а 1.414 од нив се удавиле во Медитеранското Море.
Оваа година, 13.997 нелегални мигранти и бегалци пристигнаа во Грција, коишто сочинуваат половина од вкупната бројка на пристигнати бегалци.
„Во Шпанија пристигнаа 10.538 нелегални мигранти и бегалци, една третина од вкупната бројка. Околу 58 лица дневно пристигнуваат на шпанскиот брег“, изјави претставничката на Меѓународната организација за миграции (IOM) за Шпанија, Ана Додевска.
„Грција и Шпанија заедно сочинуваат 82 отсто од нерегуларните пристигнувања по морски пат во регионот“, се вели во соопштението на Меѓународната организација за миграции (IOM).
Портпаролот на ИОМ за Италија, Флавио ди Џакомо, изјави дека досега оваа година во Италија влегле 2.790 мигранти. Околу 16.709 мигранти влегле во Италија истиот период минатата година.
„Вкупно 30.510 мигранти починале во период од 2014 до 2018 година за време на ова опасно патување во Европа“, се вели во извештајот на Агенцијата на ОН издадено во јануари.