свет

ОН: Регрутирањето и злоупотребата на децата во Авганистан продолжува

Во извештајот, кој опфаќа период од четири години, од 1 јануари 2015 година, се вели дека се потврдени 14.000 тешки прекршувања врз децата во Авганистан

Riyaz ul Khaliq  | 04.10.2019 - Обновена : 05.10.2019
ОН: Регрутирањето и злоупотребата на децата во Авганистан продолжува

АНКАРА (АА) - Страдањето на децата во Авганистан продолжува со нивно искористување и регрутирање во редовите на владините сили и опозициските вооружени групи, се вели во новиот извештај објавен од Канцеларијата на челникот на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот, кој опфаќа период од четири години, од 1 јануари 2015 година, се вели дека се потврдени 14.000 тешки прекршувања врз децата во Авганистан.

„Во периодот од 1 јануари 2015 година до 31 декември 2018 година над 12.500 деца загинале или останале инвалиди, претежно од нивно регрутирање во задачи на теренот, од импровизирани експлозивни направи, експлозивни остатоци од судирите, од воздушните напади, како и од самоубиства“, се вели во извештајот.

Се додава дека периодот од 2015 до 2018 година, во кој речиси третина од вкупните цивилни жртви се деца, бил особено погубен, како за момчињата така и за девојчињата.

„Вооружените групи се одговорни за 43 отсто од смртните случаи на деца, но она што значително загрижува е уделот на владините и провладините сили“, вели Вирџинија Гамба, специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН за деца и вооружени конфликти.

Покрај тоа, во извештајот се истакнува дека вооружените групи, меѓу кои талибанците и ДЕАШ, и авганистанските владини сили ги регрутирале и ги користеле децата.

„Регрутирањето и искористувањето на децата продолжи со 274 деца, главно од вооружените групи, вклучително и групите на талибанците и на ДЕАШ-КП“, се истакнува во соопштението.

Во продолжение се нагласува дека безбедносните сили во земјата се исто така одговорни за регрутирањето и злоупотребата на децата, но дека во последните години постигнат е значителен напредок за ставање крај и за спречување на регрутирањето и користењето на децата од страна на авганистанските безбедносни сили.

„Децата во Авганистан не знаат ништо друго освен една срцепарателна реалност како резултат на насилствата и војната. Бројот на децата жртви е застрашувачки. Ги повикувам сите страни веднаш да стават крај на страдањето на децата […] “, рече Гамба.

Во извештајот се истакнува дека децата се задржувани под наводни обвиненија во однос на националната безбедност поради нивна наводна или вистинска поврзаност со вооружените групи.

Во извештајот, исто така се вели дека се потврдени 17 случаи на сексуално насилство врз деца, но тимот на ОН вели дека тие насилства не се целосно обелоденети поради страв од стигматизирање и неказнивост на виновниците.

„Во текот на целиот период од четири години, нападите врз училиштата и болниците остануваат загрижувачки, со потврдени 832 напади, претежно од вооружените групи“, се додава во извештајот.

Во извештајот се нагласува дека децата и понатаму се киднапираат, а тимот на ОН во текот на четиригодишниот период потврди вкупно 231 случај.

Конфликтот во Авганистан влезе во 18-тата година, оставајќи илјадници жртви, милиони принудени да ги напуштат своите домови. ОН постојано повикуваат на итна потреба од искористување на можностите за мир во регионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın