Betül Yürük
27 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на ОН изрази загриженост поради судирите меѓу ирачките сили и пешмергите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на затвореното заседание на Советот за безбеднст на ОН е упатен апел до сите страни за со дијалог да се пронајде решение за постоечките проблеми.
Повикаа да се одреди датумот за тоа кога ќе бидат одржани разговорите меѓу Владата на Ирак и Регионалната курдска управа на северот на Ирак.
Амбасадорот на Франција при ОН, Франсоа Делатре истакна дека ОН се многу загрижени поради тензиите меѓу ирачките сили и пешмергите.
Тој нагласи дека проблемите треба да се решаваат со разговори а не со сила и закани.
Амбасадорот Делатре додаде дека ОН е подготвен да помогне доколку има потреба, за да се сочува територијалниот интегритет на Ирак и да се намалат тензиите во земјата. Тој истакна дека Советот за безбедност на ОН е согласно по прашањето за суверенитетот, територијалниот интегритет и единство на Ирак.
Регионалната курдска управа вчера до владата на Ирак предложи замрзнување на резултатот на нелегитимниот референдум, завршување на воените операции и дијалог меѓу Ербил и Багдад.
Да потсетиме, во судирите на ирачките безбедносни сили и пешмергите на патот Киркук- Ербил во сабота загинаа и ранети се повеќе од 150 лица.
Жестоките судири започнаа во петок, а пешмергите тврдат дека загинале повеќе од 150 припадници на ирачките сили. Наведоа и дека загинале шест припадници на пешмергите.
Откако ирачките сили воспоставија контрола над местото Алтункопру, во Киркук, започнаа да се приближуваат и на позициите на пешмергите поради што дошло до судири. Ирачките сили користат тешко вооружување на кое пешмергите возвраќаат.
Киркук е град со нерешен административен статус уште од американската инвазија на Ирак, а средиште на нова безбедносна и политичка криза стана откако Регионалната курдска управа во северот на Ирак на 25 септември спроведе нелегитимен референдум за независност.