Büşra Nur Çakmak
12 Март 2021•Ажурирај: 14 Март 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Од Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска е соопштено дека се подготвени да помогнат во имплементирањето на неодамнешниот Акционен план за човекови права на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Запознаени сме за усвојувањето на Акциониот план за човекови права на почетокот на овој месец во Турција, кој ја канализира обновената заложба на Владата за подобрување на состојбата со човековите права во земјата“, изјави за АА, портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (OHCHR), Лиз Тросел.
Нагласувајќи дека ОХЦХР не беше вклучен во процесот на изготвување на планот, Тросел нагласи дека документот треба да се прочита и да се постапува во согласност со обврските на Турција во рамките на меѓународното право за човекови права.
„Ја потврдуваме нашата континуирана достапност во пружањето помош на Турција во задржувањето и поддршката на меѓународните стандарди преку ефективна имплементација на Акциониот план и други судски реформи“, додаде таа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави Планот на 2 март, откривајќи 11 главни принципи што треба да се спроведат во текот на две години.
Тој беше дизајниран како „широк“ план за зајакнување на заштитата на правата, индивидуалните слободи и безбедноста, независноста на судството, личната приватност, транспарентноста, правата на сопственост, како и заштита на ранливите групи и зајакнување на административната и социјалната свест за човековите права.