Muhammet İkbal Arslan
04 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека околу два милиона луѓе се внатрешно раселени поради судирите во Мјанмар и поплавите предизвикани од монсунските дождови, јавува Анадолу.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи (OCHA) објави нов извештај за Мјанмар.
„Судирите и монсунските поплави во Мјанмар продолжуваат да предизвикуваат нови раселувања, цивилни жртви и уништување на цивилниот имот. Оваа ситуација дополнително ја влошува и онака тешката хуманитарна ситуација во Мјанмар. Околу два милиона луѓе моментно живеат во лоши услови“, објавија ОН.
Во извештајот се наведува дека локалните и меѓународните хуманитарни партнери ја зголемиле помошта за да одговорат на потребите на луѓето.
Соопштено е дека помошта во првата половина од оваа година стигнала до 1,8 милиони луѓе.
Во извештајот се наведува дека се финансирани само 28 отсто од повиците за помош.
Војската на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари 2021 година, по обвинувањата за измама на општите избори во 2020 година и политичките тензии во земјата.