Ömer Faruk Yıldız
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека бројот на цивили кои се засолниле во европските земји поради војната во Украина се приближува до 5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на веб-страницата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, споделени се најновите податоци за цивилите кои ја напуштиле земјата од 24 февруари, кога започна војната во Украина.
Се нагласува дека бројот на украински бегалци кои се засолниле во 44 европски земји заклучно со 7 јуни, изнесува 4,8 милиони.
Според соопштеното, од овие бегалци, 3,2 милиони добиле привремена заштита.
Исто така, се вели дека 2,3 милиони луѓе се вратиле во Украина.
Најмногу бегалци се сместени во Полска, 1,1 милион, потоа следува Германија со 780.000 бегалци, во Чешка се 366.000, во Италија 125.000, во Шпанија 118.000 и во Турција, 85.000 бегалци.