Ekipa
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација за миграции на ОН (IOM) објави дека Шпанија оваа година примила повеќе мигранти од претходните три години заедно, кои пристигнале преку Средоземното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната организација за миграции на ОН денес објави дека до 21 октомври, 45.154 мажи, жени и деца влегле во Шпанија преку западната медитеранска рута.
Тоа е повеќе од половина од 94.000 мигранти кои оваа година влегле во Европа преку морето од северна Африка.
Сепак, од Меѓународната организација за миграции на ОН нагласуваат дека овогодишните бројки се далеку помали од претходните години. Имено, во 2017 година, до 21 октомври е забележано доаѓање на 147.000 мигранти, а една година претходно, дури 326.000.
Средоземното Море и понатаму претставува рута за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа, со 1.857 смртни случаи, кои се потврдени оваа година.