Betül Yürük
13 Јуни 2023•Ажурирај: 14 Јуни 2023
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Најмалку 970 Палестинци, меѓу кои 424 деца, се изложени на ризик да бидат насилно иселени поради правни случаи поднесени во израелските судови, предупредија од ОН, пренесува Анадолу.
Лин Хејстингс, хуманитарен координатор на ОН за окупираната палестинска територија, неодамна посети две постари лица што наскоро може да се соочат со принудно иселување од нивните домови во кои живеат од 1954 година, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дујарик.
Хејстингс повика да се стави крај на оваа практика што е некомпатибилна со меѓународното право.
Независните експерти на ОН долго време ја повикуваат меѓународната заедница да преземе итни мерки за да го запре израелското принудно иселување и раселување на Палестинците од Источен Кудс како дел од израелската анексија и „депалестинизација“ на градот.