свет

ОН испратија 71 камион со хуманитарна помош за цивилите во Идлиб

- Колона камиони кои ја превезуваа помошта на ОН го поминаа граничниот премин „Чилвеѓозу“, во општината Рејханли, во близина на турскиот град Хатај

Cem Genco  | 09.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
ОН испратија 71 камион со хуманитарна помош за цивилите во Идлиб

ХАТАЈ

Обединетите нации (ОН) испратија уште 71 камион со хуманитарна помош во Идлиб, сириската покраина на северозападниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Колона камиони кои ја превезуваа помошта на ОН го поминаа граничниот премин „Чилвеѓозу“, во општината Рејханли, во близина на турскиот град Хатај.

Надлежните потврдија дека хуманитарната помош ќе биде поделена на луѓето во Идлиб и во блиските рурални подрачја, каде што веќе со години живеат во многу тешки услови.

Во првите шест месеци оваа година ОН испратија 7.000 камиони со помош за народот во Идлиб и околината.

Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.

Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе оттогаш се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın