свет

ОН испратија 46 камиони со помош во сириски Идлиб

Околу 150 тони залихи на храна, што се состои од брашно, шеќер, масло и разновидна храна за појадок, ќе бидат дистрибуирани меѓу оние што имаат потреба во бегалскиот камп „Атмех“, во близина на турската граница

Handan Kazancı  | 21.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
ОН испратија 46 камиони со помош во сириски Идлиб

ХАТАЈ (АА) - ОН денес испратија 46 камиони полни со хуманитарна помош во северозападна Сирија, каде што милиони луѓе имаат потреба од помош поради внатрешните конфликти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Камионите поминаа преку граничниот премин „Чилвеѓозу“ во турската јужна област Хатај, за да влезат во сириската област Идлиб.

Околу 150 тони залихи на храна, што се состои од брашно, шеќер, масло и разновидна храна за појадок, ќе бидат дистрибуирани меѓу оние што имаат потреба во бегалскиот камп „Атмех“, во близина на турската граница.

Во Сирија владее граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Асад со жестока свирепост ги разби продемократските протести.

Според Обединетите нации (ОН), стотици илјади луѓе загинаа, а над 10 милиони се раселени.

Идлиб спаѓа во деескалационата зона според договорот од 2018 година склучен меѓу Турција и Русија. Подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често беа прекршувани од режимот на Асад и неговите сојузници.

Во Идлиб моментално живеат 4 милиони цивили, меѓу кои и стотици илјади раселени што во последните години избегаа во Идлиб поради нападите на режимските сили низ целата земја.








На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.