Hilmi Tunahan Karakaya
26 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија 19 камиони со хуманитарна помош за жителите на сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот со хуманитарна помош, од турскиот град Хатај преку граничниот премин Џилвеѓозу премина на сириска територија.
Се дознава, исто така, дека оваа хуманитарна помош во текот на наредните денови ќе им биде поделена на жителите во и околу градот Идлиб.