Cem Genco
03 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија 37 шлепери со хуманитарна помош за народот во сирискиот град Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Колоната шлепери помина преку граничниот премин Чилвеѓозу, во турскиот град Хатај кон Сирија.
Надлежните потврдија дека помошта ќе му биде доставена на населението во Идлиб и неговата околината.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.