свет

ОН загрижени поради порастот на вооружените судири на северозападот од Сирија

Стефан Дујарич, гласноговорникот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека ОН се посебно загрижени поради хуманитарната криза на северот од Хама и на југот од Идлиб

Dildar Baykan  | 14.06.2019 - Обновена : 15.06.2019
ОН загрижени поради порастот на вооружените судири на северозападот од Сирија

ЊУЈОРК (AA) - Стефан Дујарич, гласноговорникот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, изјави дека ОН се загрижени поради порастот на жестоките вооружени судири на северозападот од Сирија од април оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).

„ОН поради тоа ги повикуваат сите страни во судирот строго да се придржуваат до договорот за прекин на огнот, кој минатиот септември го постигнаа Русија и Турција“, рече Дујарич на конференцијата за медиуми во Њујорк.

Додаде дека ОН се посебно загрижени поради хуманитарната криза на северот од Хама и на југот од Идлиб, потсетувајќи дека на тоа подрачје од 29 април загинал 231 цивил, од кои 69 жени и 81 дете.

Истакна, исто така, дека преку 300 илјади цивили од тоа подрачје морале да побараат засолниште во камповите близу границата со Турција.

Апелираше на сите страни да го почитуваат меѓународното право и во ниту еден случај да не ги загрозуваат цивилите.

Со посредство на Турција и Русија во Сочи, на 17 септември 2018 година, постигнат е договор за примирје во Идлиб и за воспоставување деескалациска зона за цивилите. Во согласност со договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од регионот, а силите лојални на режимот не ги стопираа артилериските и воздушните напади во тој регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın