Betül Yürük
02 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
ЊУЈОРК
Обединетите нации го регистрираа поморскиот договор постигнат помеѓу Турција и Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според документот кој тоа го потврдува, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја потпиша на 30 септември регистрацијата на поморскиот сообраќај помеѓу Турција и Либија, во согласност со членот 102 од Повелбата на ОН.
Турција и Либија на 27 ноември постигнаа договор за разграничување на источниот дел на Средоземното море, поради утврдување на границите и заштита на нивните права врз база на правата од Закнот за меѓународно поморство. Договорот потоа е испратен во ОН поради регистрација.