Ali Semerci
11 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека во јануари во Јемен загинале 234 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања објави извештај за загинатите во конфликтот во Јемен.
Во извештајот се посочува дека во јануари во Јемен се убиени 234 цивили, а тоа е најголема бројка за еден месец во конфликтот кој трае веќе три години.
Исто така, се нагласува дека континуираниот конфликт во Јемен предизвикал големи жртви меѓу цивилите „со влошување на ситуацијата од последниот квартал на 2021 до 2022 година“.
Според извештајот, во 2021 година се убиени 769 цивили, просечно по 7 лица дневно, а повредени се 1.739 лица.
Во Јемен, каде што долго време владее политичка нестабилност, се водат судири меѓу Хусите и силите поврзани со Владата.
Хусите поддржани од Иран од септември 2014 година го контролираат главниот град Сана и некои региони.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат јеменската Влада против Хусите.