свет

ОН: „Во Идлиб нема безбедно место, бомби паѓаат насекаде“

Портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи (OCHA), Јенс Ларке, на прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на ОН во Женева се осврна на нападите врз Идлиб во последните девет месеци

Bayram Altuğ  | 04.02.2020 - Обновена : 05.02.2020
ОН: „Во Идлиб нема безбедно место, бомби паѓаат насекаде“

ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) предупредија дека во Идлиб, каде што продолжуваат нападите на силите на режимот на Асад, поддржани од Русија и Иран, повеќе нема безбедно место и дека бомби паѓаат насекаде, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи (OCHA), Јенс Ларке, на прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на ОН во Женева се осврна на нападите врз Идлиб во последните девет месеци.

Ларке, без да именува, истакна дека воздушните напади на режимот на Асад и неговите приврзаници придонеле да се создаде неопислива болка кај населението што живее во регионот.

„Канцеларијата за човекови права на ОН утврди дека над 1.500 цивили се убиени како резултат на конфликтите во овој период“, рече Ларке.

Споделувајќи дека добиле вознемирувачки информации од персоналот на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи (OCHA), Ларке нагласи:

„Во Идлиб нема безбедно место. Бомби паѓаат насекаде. Дури и тие што успеаја да избегаат од фронтовите каде што продолжуваат судирите, не се безбедни. Поради бомбардирањата и воздушните напади во последните два месеци населението избега на сите страни. Најголема тешкотија претставува нивното засолнување. Илјадници луѓе се засолнија во училишта и џамии. Многумина се изложени на ветер, дожд и студ во шаторите кои се наоѓаат во калта.“

Ларке, исто така без да именува, рече дека вработените во Канцеларијата за координација на хуманитарните работи се шокирани и преплашени од постојаните напади на режимот и дека 3 милиони цивили се заробени во регионот, а половина од нив се деца и постари лица.

Изразувајќи дека Канцеларијата за координација на хуманитарните работи и другите хуманитарни организации во Идлиб се натпреваруваат против времето, Ларке рече дека и покрај сите напори, хуманитарната помош во регионот е недоволна.

Изјавувајќи дека 520.000 цивили се раселени од 1 декември 2019 година, Ларке предупреди дека доколку продолжат операциите на режимот, од градските центри ќе се раселат уште 280.000 цивили.

„Особено сме загрижени за цивилите јужно и источно од патиштата (М4/М5)“, рече Ларке.

- И Педерсен е загрижен

Џенифер Фентон, портпаролката на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Геир Педерсен, нагласи: „Педерсен е загрижен за продолжувањето и натамошното зголемување на насилството на северозападниот дел на Сирија. Последиците од ова се катастрофални, цената што ја плаќаат цивилите е многу висока.“

Од друга страна, портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Тарик Јашаревиќ, потсети дека минатиот месец 10 лица загинале, а 30 се повредени во двата одвоени напади против здравствените установи во Идлиб.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın