Gökhan Kavak
14 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
НАЈРОБИ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека бегалците во источноафриканските земји се соочуваат со безнадежна иднина поради внатрешни конфликти, криза со храна и климатски промени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од ОН се наведува дека бројот на бегалци во источноафриканските земји, кој во 2012 година изнесуваше 1,92 милиони, денес достигна 5 милиони.
Посочувајќи дека прашањата како кризата со храна, внатрешните конфликти и климатските промени негативно влијаат на животот на бегалците, во соопштението се нагласува дека од ваквата состојба најмногу се погодени децата.
Се нагласува дека бегалците во Источна Африка се соочуваат со безнадежна иднина и дека оваа ситуација уште повеќе се продлабочила за време на епидемијата на Ковид-19.
Според податоците на ОН, 1,6 милиони бегалци живеат во Уганда, 1,1 милион во Судан, 837.000 во Етиопија, 547.000 во Кенија, 340.000 во Јужен Судан, 248.000 во Танзанија, 86.000 во Бурунди и 35.000 во Џибути.