свет

ОН: 150 луѓе умреа од глад во етиопскиот регион Тиграј

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи, Марк Ловкок, на затворената седница на ОН истакнал дека хуманитарната криза во Тиграј е значително продлабочена

Gökhan Kavak  | 16.04.2021 - Обновена : 19.04.2021
ОН: 150 луѓе умреа од глад во етиопскиот регион Тиграј

ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека 150 лица починале од глад поради тековните конфликти во регионот Тиграј во Етиопија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според локалните медиуми, заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи, Марк Ловкок, на затворената седница на ОН истакнал дека хуманитарната криза во Тиграј е значително продлабочена.

„Утрово добив информација дека 150 луѓе умреле од глад јужно од Мекеле“, истакна Ловкок. Наведувајќи дека конфликтите продолжуваат и ситуацијата се влошува, Ловкок рече дека хуманитарната криза ќе се продлабочува сѐ додека не се обезбеди прекин на огнот.

Наведувајќи дека еритрејските војници спречиле испорака на хуманитарна помош во регионот, Ловкок нагласи дека на почетокот на оваа недела го добиле првиот извештај дека четири лица починале од глад.

Исто така, според извештајот, ситуацијата во регионот е на критично ниво.

Меѓународната федерација на Црвената полумесечина и Црвениот крст (IFRC) соопшти дека регионот Тиграј во Етиопија се соочува со проблем со храна „на катастрофално ниво“.

Владата на Адис Абеба на почетокот на април соопшти дека еритрејските сили, кои биле вклучени во бројни повреди на човековите права и биле обвинети за воени злосторства, се повлекле од земјата.

- Бројот на раселени лица достигна 900 илјади -

Народниот фронт за ослободување на Тиграј (TPLF) кој управува со покраината Тиграј и го води регионот Тиграј, ги нападна трупите на Северната команда на 3 ноември 2020 година, а премиерот Абиј Ахмед следниот ден соопшти дека одлучиле да преземат воена акција против Народниот фронт за ослободување на Тиграј.

Армијата на 28 ноември 2020 година го зазеде градот Мекеле кој беше под контрола на бунтовничките сили на Народниот фронт.

И покрај тоа што премиерот Абиј Ахмед информира дека последната фаза од операцијата е завршена по преземањето на Мекеле, судирите во регионот продолжија.

Бројот на раселени лица во провинцијата која е управувана од Народниот фронт за ослободување на Тиграј скоро 30 години, во последните шест месеци достигна 900.000, а бројот на оние кои избегаа во Судан надмина 75.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.