Onur Usta
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека протестите против новиот закон за работни односи во Франција би можеле да бидат забранети доколку за време на нивното одржување не биде загарантирана безбедноста на луѓето и имотот, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот на Владата на Франција, Стефан Ле Фол, на конференцијата за новинарите по неделниот состанок на владата, потврди дека претседателот Оланд изјавил дека е можно да бидат забранети протестите кои преоѓаат во насилни.
„(Оланд) Порача доколку на протестите не биде загарантирана безбедноста на луѓето и имотот, истите би можеле да бидат забранети", рече Фол.
Тој додаде дека претседателот потсетил и дека Франција оваа година е домаќин на Европското првенство во фудбал, како и на опасноста од терористички напади.
За време на вчерашните протести во Париз, во судирите на безбедносните сили со демонстрантите повредени се 40 лица, од кои 27 полицајци.