Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
18 Февруари 2021•Ажурирај: 20 Февруари 2021
АНКАРА
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, денеска во Анкара се состана со премиерот на Азербејџан, Али Асадов, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изразувајќи гордост што имал можност да го угости азербејџанскиот премиер во Претседателскиот комплекс на Турција, Октај вети поддршка во обновувањето на регионот на Нагорно Карабах, кој азербејџанските сили неодамна го ослободија од ерменска окупација.
„Ние сме еден народ и тоа ќе го докажеме. Не само на воено поле, туку ќе бидеме со вас и во обновувањето и повторната изградба на тие подрачја. Имаме многу работи што можеме да ги направиме заедно“, порача Октај.
Асадов се заблагодари на Турција не само за поддршката за време на конфликтите во Нагорно Карабах, туку и за помошта за Азербејџан за време на пандемијата на коронавирусот.
Премиерот на Азербејџан претходно се состана и со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.